Дејв Баутиста, по популарен како „Батиста“ се враќа на големиот екран. Американската кечерска ѕвезда ќе се преслика во ликот на Тонг По во новата верзија на „Кикбоксер“ со Жан Клод ван Дам.
Во новиот римејк на хит филмот од 1989 година ќе учествуваат уште Џорџ Сент Пјер и Каин Веласкез – двајца поранешни шампиони на УФЦ, кои освен успесите во светот на професионалните борби, успеваат да градат кариера и во огромниот филмски бизнис.
Улога во производството ќе има натпреварувачот во средната категорија на Белатор – Џо Шилинг и Тајрон Вудли – еден од топ претендентите за титулата во полусредна категорија на УФЦ.
Навивачите на Жан Клод ван Дам чекаат на овој филм доста долго време. Новата верзија на „Кикбоксер“ ќе и приушти на публиката уште повеќе акција и поголем актерски состав со долгогодишно искуство во боречки сцени, кој сигурно нема да ги разочара. Љубителите на овој жанр без сомнение со нетрпение очекуваат да го видат крајниот производ, а шлаг на тортата ќе биде специјалното учество на една друга УФЦ ѕвезда – Џина Карано, која се повлече од ММА борбите во 2009 година и успешно завладеа со Холивуд.
Обезбедивме краток клип преку кој лесно може да се почувствува атмосферата во новата продукција на Ван Дам, која ќе го прероди еден од најпосакуваните ликови во филмовите со борбена тематика.