Барера ја прифати борбата против Бетербиев

Артур Бетербиев (13-0, 13 КО) во втората одбрана на ИБФ титулата во полутешка категорија би требало да се бори со Саливан Барера (22-2, 14 КО).

36-годишниот Кубанец, кој неодамна потпиша за Топ ранг, рече дека го прифатил мечот со рускиот нокаутер.

„Ја прифатив борбата со Артур Бетебиев. Се надевам дека и тој ќе ја прифати“, рече Барера.

Барера има само два порази во кариерата од Андреа Ворд на поени во 2016 година и со технички нокаут во 12 рунда од Дмитри Бивол во мечот за титулата ВБА во март 2018 година. Во последната борба во ноември со едногласна одлука го победи Американецот Шон Монаган (29- 2, 17 КО).

Бетебиев во последниве години се бореше нередовно. Во 2017 и 2018 година во рингот влегуваше само по еднаш. Последен пат се бореше во октомври, кога во првата одбрана на титулата во четвртата рунда го нокаутира Британецот Калум Џонсон, но и самиот во тој меч заврши на подот.

Минатата година го изгуби спорот со кој се обиде да го раскине договорот со канадскиот промотор Ивон Мишел. По судска одлука потпишаа договор за соработка со Еди Херн и ДАЗН.

Требаше да се бори со Бивол, но ситуацијата се искомплицира и Бетербиев го искористи моментот и помина во Топ ранг на Боб Арум кој неговите настани ги емитува на ЕСПН.

Херн ги смени плановите и Дмитри Бивол на 9 март во Њујорк ќе ја брани титулата на ВБА во полутешка категорија против Џо Смит.

https://www.youtube.com/watch?v=7YhifyLUPX4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО