Балканските медалисти од Урбан инвест на прием кај градоначалникот Александар Панов!

Panov i karatistite na Uraban

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, направи прием за Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова, членови на македонската карате репрезентација за деца од 11 до 14 години од КК Урбан инвест, кои заедно со Миа Манеска на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови,Црна Гора, го освоија бронзениот медал во кати, како ката тим, 2001/2002. Владанка Аврамова освои бронзен медал и во поединечна конкуренција.

На присуствуваше и нивниот тренер Ивана Аврамова.

Панов им го честиташе успехот, при што ја искаткна подготвеноста на Општината, во рамки на можностите, да го помага спортот. Тој е задоволен што трите млади каратистки на градот му донеле медали од големо регионално натпреварување, каде што настапија каратисти од 10 балкански земји, меѓу кои има и светски карате велесили. Поради тој факт, посочи Панов, сјајот на бронзата на Ивона, Ивана и Миа има поголема тежина.

Поради училишни обврски на приемот изостана Миа Маневска.

Градоначалникот на крајот и посака уште многу успеси од големите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО