Балканец пред искушение: Децата не го сакаат борењето!

Zoran Sorov reprez

Можеби БК Балканец од сите спортски клубови во Штип работи без да наплаќа членарина од борачите. Но, ни тоа не помага да привлече повеќе борачи.

Дали досегашните недоразбирања во клубот, поделеноста, влијаеше и на сегашните состојби? Поранешниот претседател Добре Маринков и сегашниот шеф на Стручниоот штаб на Балканец ,Зоран Шоров немаат различни мислења за состојбите во клубот.
„Децата ни бегаат. Останавме речиси без борачи. Во месец февруари не чакаат две изборни првенства, младинско и сениорско. Како да се мобилизираме, не знам. Градoт издвојува пари за борењето, а борачи нема“, истакнува Добре Маринков, кој сега е еден од тренерите во клубот.

Balkanec deca
Зоран Шоров, кој дојде да ја консолидира состојбата, исто така воочил дека има доста проблеми.
„Немаме сениорска екипа. Има неколку талентирани пионери , кадети и младинци, кои тренираат со Маринков, Гордан Николов и Горан Стојанов. Ќе им се приклучи и првиот тренер, мојот заменик Дејан Богданов. Ќе ги споменам имињата на тие борачи што ги забележувам на тренинзите. Тоа се Александар Донев, Васе Спасов,Серхан Шакиров , Џан Назифов, Михаил Николов, Стефан Никовски, Мартин Стојанов. Овие деца не смееме да ги отпуштиме. Сега се случува на тренинзите понекогаш да има по двајца борачи и двајца тренери. Не знам каде е рускиот тренер Корнеев, кој не е во Штип. Треба да почнеме од нула. Да организираме школски првенства, да селектираме борачи. Мора да ги пререгистрираме сите борачи до 31 јануари. Ќе ги реновираме просториите, ќе обезбедиме опрема, подготовки.Но, во иднина нема да има пари за рекреација. Ќе имаме нов правилник за наградување. Ќе има пари само за оние кои ќе постигнат резултати, први места на државните првенства. Како јас стигнав до државната спортска пензија!? Само со работа, не со уцени. Резултатите на крајот државата знае да ги стимулира и цени“– вели Зоран Шоров.
Деновиве, раководството на Балканец ќе има состанок со борачите и ќе им ги каже насоките за иднина. Да веруваме дека најтрофејниот клуб во Македонија , Балканец ќе се врати на старите патеки.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON