Балакнец со четири шампиони, Лирија со три, Вардар го напушти првенството!

Државно 2 штип

На Државното првенство за сениори во борење слободен стил борачите на Блаканец освоија четири шампионски титули, Лирија три и Бучим-Радовиш една.

Шампиони на Македонија се: Амер Реџепи (-57 кг)- Лирија, Иван Јанев (-61 кг) – Бучим, Јасин Реџелари (-65 кг) – Лирија, Бехар Махмути (-70 кг) – Балканец, Дејан Митров (-74 кг) – Балканец, Бобан Савев (-86 кг) – Балканец, Рамазан Бакија (-97 кг) – Лирија и Бобан Данов (-125 кг) – Балканец.

Ivan Janev - drzaven prvak 15.4 2015 Stip

По подолга пауза, Штип беше домаќин на Државното сениорско првенство во борење. Учествуваа околу 50 борачи од 4 клубови- Балканец, Лирија, Бучим и Безбедност. Балканец беше најуспешен, иако не настапи во комплетен состав. Отсуствуваа неколку борачи.

Boban savev prv 4.4 2015 stip
Репрезентативците немаа тешка задача. Дејан Митров блескаше. Го победи со туш Вејсели, иако настапи во погорна категорија -74. Бобан Данов немаше достојна конкуренција, како и Бахар Махмути, новиоот член на Балканец , Бобан Савев, исто така од штипскиот клуб, а не разочараа ни Јасин Реџелари и Амир Реџепи од Лирија. Пријатно изненади Иван Јанев од Бучим , кој во убава борба славеше над Анакиев на поени.

Jasin redzelari prv stip 4.4. 2015

Се случи и еден инцидент, веднаш по мерењето, односно за натпреварувањето беше пријавен и новиот борач на Вардар, Владимир Егоров, екипите на Балканец и Лирија протестираа, укажувајќи дека тој нема право да се бори зашто требало да поминат седум дена од добивањето на државјанството. По ова имаше вербален дуел на преставници на Лирија и Вардар,  по што скопската екипа го напушти учеството на Државното првенство. Од друга страна и Безбедност учествуваше само со еден натпреварувач, што значи дека е премалку три клуба да се натпреваруваат за државните титули. Згора на тоа, Тефејуз, пак, не се појави на сениорско натпреварување.

Државно штип

Многу борачи отсуствуваа, а причините за тоа не се познати.
Балканец го освои најмногу бодови на Државното првенство 48, пред Лирија со 43, Бучим 21, Безбедност.

Во генерален пласман , во сениорска конкуренција води Балканец со 92 бодови, пред Лирија со 84, Бучим 41, иако се уште не расчистено како ќе се бодува и како ќе се додефинира моделот за прогласување на Екипен првак на Македонија. Од тие причини ова бодување се уште не е релевантно.

 

57 кг – 4 учесници
1. Амир Реџепи (Лирија)
2. Самир Реџепи (Лирија)
3. Емир Абази (Лирија)
3. Озѓан Кариманов (Балканец)
61 кг – 5 учесници
1. Јанев Иван (Бучим)
2. Анакиев Иван (Балканец)
3. Раиф Камбери (Лирија)
3. Бедир Омеров (Бучим)
65 кг – 5 учесници
1. Јасин Реџелари (Лирија)
2. Никола Петров (Бучим)
3. Младен Рунчев (Балканец)
3. Михаил Тасев (Балканец)
70 кг – 5 учесници
1. Бехар Махмути (Балканец)
2. Дејан Спасевски (Балканец)
3. Стојанче Данилов (Балканец)
3. Јасин Сејфули (Лирија)
74 кг – 7 учесници
1. Дејан Митров (Балканец)
2. Фисник Дура (Лирија)
3. Амир Тачи (Лирија)
3. Бесмир Весели (Лирија)
86 кг – 5 учесници
1. Бобан Савев (Балканец)
2. Михаил Николов (Балканец)
3. Метин Рамадани (Лирија)
3. Фуат Чаиловски (Лирија)
97 кг – 7 учесници
1. Рамазан Бакија (Лирија)
2. Ердал Раимов (Бучим)
3. Васе Спасов (Балканец)
3. Никола Димитриев (Балканец)
125 кг – 5 учесници
1. Бобан Данов (Балканец)
2. Мите Здравев (Бучим)
3. Кристијан Крстев (Бучим)
3. Фисник Рамани (Лирија)
 ipon.mk/К.М.-В.Д.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО