Кик бокс: Четири златни, пет сребрени и шест бронзени медали од Европскиот куп „Бихаќ опен 2015“!!

378

Team Mkaedonija na Bihac open

Македонските кикбоксери на Европскиот куп „Бихаќ опен 2015“, Босна и Херцеговина, освоија шест златни, шест сребрени и шест бронзени медали.

Borec na Bihac open

Ова е голем успех на младите македонски кикбоскери. Златни медали освоија: Бобан Илиоски, Елена Стојчевска, Викторија Варадинова, Божидар Јанков,  Алексанадар Николовски два златни.

На купот настапија 473 натпреварувачи од 52 клуба од Македонија, Хрватска, Словенија, Полска, Унгарија, Србија и БиХ. Во Бихаќ учествуваа млади, некои од нив веќе со искуство, и перспективни натпреварувачи од нашата земја. Од овие кикбоксери може да очекуваме големи резултати во овој спорт.

Ова се официјалните резултати на Европскиот куп, кои синоќа во еуфорија беа погрешени. Се извинуваме на сите читатели поради грешката што настана во комуникацијата.

Божидар Јанков
Божидар Јанков

ЗЛАТНИ
1. Викторија Варадинова – 60 кг- лајт контакт- постар кадет – КБК Гладијатор Штип
2. Божидар Јанков – 57 кг – кик лајт – постар кадет – КБК Гладијатор Штип
3. Бобан Илиоски – 71кг – лоу кик – јуниор – КБК Шампион Скопје
4. Александар Николовски – 91 кг – лоу кик – јуниор – КБК Шампион Скопје
СРЕБРЕНИ
1. Елена Стојчевска – 65 кг – поинт фајт- сениор – КБК АС Делчево
2. Арџент Узеири – 79 кг – кик лајт- сениор – КБК Голден Тим Охрид
3. Михајло Костадиновски – 79 кг – лоу кик – сениор КБК Шампион Скопје
4. Филип Ризов – 52 кг – кик лајт -постар кадет – КБК Будо Кавадарци
5. Филип Митревски +91 кг – кик лајт -сениор – КБК Гладијатор Скопје

БРОНЗЕНИ
1. Давид Димитровски – 47 кг – поинт фајт – помлад кадет – КБК АС Делчево
2. Артан Алиу – 60 кг- кик лајт – постар кадет – КБК Голден Тим Охрид
3. Роберт Костовски – 63 кг – кик лајт -јуниор – КБК Гладијатор Неготино
4. Виктор Дуковски – 63 кг – кик лајт -сениор – КБК Фајт Тим Скопје
5. Мартин Ташев – 63 кг – кик лајт- јуниор – КБК Будо Кавадарци
6. Ѓоше Ѓошов – 42 кг – лајт контакт – постар кадет – КБК Гладијатор Штип

 

 

Viktorija varadinova i Bihac open
Викторија Варадинова

Сите резултати на „Бихаќ опен 2015“ http://www.kickboxing.ba/?wpfb_dl=86

ipon.mk/В.Д.