Бивол замвна прст кон Кличко поради војната

Светскиот шампион во полутешка категорија на ВБА, Дмитри Бивол, не остана рамнодушен на војната во Украина. Рускиот боксер, кој има 19 последователни победи и во сабота навечер ќе ја брани титулата против сеприсутниот Канело Алварез, се осврна на темата испровоциран од легендите Витали и Владимир Кличко.

Браќата ја повикаа ВБА да не дозволи Бивол да боксира овој викенд. Тие изразија став дека не само тој, туку и ниту еден руски спортист да не смее да учествува во професионални активности. Кличко моментално се наоѓа во Киев, каде што продолжуваат да бидат дел од одбраната од руската инвазија, која започна на 24 февруари.

Бивол отворено се спротивстави на она што се случува во Украина. Од ова се оградува во интервјуата и социјалните мрежи. Сепак, ова не е доволно за браќата Кличко. Запрашан дали Дмитри треба да се соочи со Канело оваа недела, Владимир за Би-Би-Си изјави:

„Дефинитивно не. Секоја санкција, а овде немам ништо лично против личност или спортист, е против политиката на Русија. Секој руски претставник мора да биде санкциониран. Ова и покажува на Русија дека светот е против нејзините политики и воени дејствија“.

Запрашан што мисли за ова прашање, Бивол замавна со прст кон Кличко и го повика да не го меша спортот со политиката.

„Го поддржував во текот на неговата кариера. Ми се допадна како боксер и се радував кога победи. Но, тој е спортист и треба да знае дека спортот и политиката не се мешаат. Порано беше натпреварувач, сега е политичар. Жал ми е што на овој начин ги меша политиката и спортот, тоа не му прави никаква чест“, коментира Русинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО