Бадр Хари по повод најголемиот исламски празник подели 200 овци

badr-hari i ovce-crop

Во предвечерието големиот исламски празник Курбан Бајрам, Бадр Хари направи голем гест и така повторно се стекна со наклоноста на своите обожаватели.

Исламскиот свет слави Курбан Бајрам, исламскиот празник на принесување жртви, кој е најзначаен празник на муслиманите. За овој празник родители богато ги даруваат своите деца и најмладата родбина, а се подготовува и богата трпеза за гостите. Во нивните домови имаат подготовено жртва за Курбан, тоа најчесто е овца.

Бадр Хари пред големиот празник Курбан бајрам поделил 200 курбани преку својата фондација. Хари, објави дека 15 курбани поделил на сиролиталиштата, 30 во затворите, пет за луѓето кои живеат во трошни куќи, а 150 за сиромашните.

„Неверојатно ден. Беше убаво да се видат луѓе на улиците кога ги посетивме и им дадовме курбани“, напиша Бадр Хари на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО