Бадр Хари повторно е во многу добра форма пред неговото враќање во рингот.
Мароканската легенда се соочува со Џејмс МекСвини. Борбата меѓу двајцата ќе се одржи на настанот Глори 88 на 9 септември во Париз, Франција. Победникот ќе добие право на учество на турнирот во тешка категорија што го планира Глори во декември.
Хари нема победено 8 години, но сепак си даде уште една шанса во рингот. На својот профил на социјалните мрежи Хари ја покажа својата моментална фигура и напиша:
„Затоа што можам“, напиша Хари на Инстаграм.
Бадр има скор од 106-16-2-3 во рингот и е во серија од 4 порази.
Последен пат Бадр се бореше со Алистер Оверем на крајот на 2022 година. Хари загуби со одлука на судиите, но Оверим падна на допинг-тестот. Така неговата победа беше поништена.