Бадр Хари од затворот сака договор со Глори

Бадр Хари ја издржува затворската казна во Холандија и размислува за враќање во рингот.

Додека порано зборуваше за проштална борба и повлекување од рингот, 32-годишниот Мароканец сака да се бори уште некое време и тоа за Глори, ги пренесе размислувањата на Хари тренерот Мајк Пасениер.

„Бадр е многу добар. Тренира секој ден. А мислам дека има и малку нешто друго да направи. Сакаме двегодишен договор со Глори. Бадр сака да се бори уште две години. На сите сака да им покаже кој е најдобар. Ќе видиме каков е по поразот од Рико. Не изгубивме затоа што тој беше подобар, тука поради повреда. Водевме. Сакавме да го нокаутираме Рико и бевме на добар пат. Следниот пат кога сакаме да покажеме дека и навистина го можеме“.

„Се разбира, повторно одиме на Рико, кога уште не знамеме, но тоа е она што го слушаме. Многу е едноставно, ако плати Глори тие се главните, тие одлучуваат кога и каде ќе се бориме. Не можам да дочекам. Веќе ме чешаат прстите“.

Хари е на издржување на затворската казна за нанесување на тешки телесни повреди, која започна да ја служи во април. Борец ќе помине зад решетките 221 ден. Престојува во нов затвор Заанштад во северниот дел на Холандија која прима 1.000 затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО