Бадр Хари: Нема да застанам додека не ја расчистам категоријата

Бадр Хари нема да престане да спортува, за жал на неговите хејтери. Мароканската легенда објави изјава на социјалните мрежи по уште еден пораз. Минатиот викенд во Холандија, видовме дека Хари диктира се во битката со Аркадиуш Врожек, но, пак беше нокаутиран на Глори 78.

Хари изгледаше многу добро и беше на неколку секунди до победата. Го упропасти Врожек со удари и го собори три пати. Бадр се возбуди и го спушти гардот во потрага по нокаут. Тоа беше грешка, бидејќи од никаде Врожек го удри со нога и го нокаутира.

Се разбира, би било погрешно Хари да се пензионира веднаш по борбата во која изгледаше доминантен и беше на неколку удари до победата. На својот профил на социјалните мрежи Бадр изјави дека се чувствува исполнет и дека нема да ја заврши кариерата.

Тој е категоричен дека ќе продолжи да се бори, иако е во серија од четири последователни порази и нема победа веќе 6 години. Бадр посака реванш и вети дека нема повторно да разочара.

„Разочарани сте. Разочаран сум и јас. Овој резултат не е добар. Тешко е да се види позитивната страна на оваа битка. Се чувствував силно и подготвено.

Морам да ви кажам дека не се чувствував повредено пред овој пресврт на настаните. Удирам како Бадр Хари. Повторно се чувствував исполнето. Резултатот е разочарувачки, но работите се охрабрувачки.

Јас сум на вистинскиот пат … и нема да застанам додека не ја расчистам категоријата. Прво, да започнеме со реванш. Би сакал да ви се заблагодарам за вашата голема поддршка. Ве сакам. Ќе ве направам горди. Ви ветувам“, изјави Хари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО