Бадр Хари: Нема да имам конкуренција во 2021 година

Бадр Хари верува дека нема да има конкуренција за него во Глори во 2021 година. 35-годишниот Мароканец е далеку од неговите најдобри години, но тоа не го спречува да биде самоуверен. Ќе го видиме во рингот на 19 декември во Ротердам во главната битка на Глори 76. На оваа гала вечер „Лошото момче“ ќе ги одмери силите со Бенџамин Адегбај.

Од организацијата велат дека победникот ќе добие нова шанса за титулата против Рико Верховен. Хари беше близу до победа над Верховен во нивните две битки, но повредите го спречија да продолжи и ги загуби двата меча. На својот профил на социјалните мрежи, Бадр објави видеа од неговиот тренинг и рече дека ќе ги победи сите следната година.

„Биди како вода. Сакам да знам дека во 2021 година нема да имам конкуренција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО