Бадр Хари на Рико Верховен: Догодина ќе те нокаутирам

badr-riko-soocuvnaje

Историскиот кикбокс дуел меѓу Рико Верховен и Бадр хари во Оберхаузен не заврши онака како што очекуваа навивачите.

Пчекуваниот спектакл не го добивме, бидјеќи во втората рунда Бадр Хари заработи повреда и беше принуден да се повлече од песметката. Тоа значеше и победа за Рико Верховен.

И двајцата се согласија дека нема причина повторно да не се сретнат следната година,така што нивниот реванш изгледа сигурен. А Бадр Хари се закани дека овој пат ќе го нокаутира Верховен.

„Разочаран сум како заврши овој дуел. Ги сакам фановите кои секогаш ме поддржуваа. Имав многу катастрофи во животот. Сите ми велеа дека сум завршил со кариерата. Имав проблеми со правдата. Имав многу проблеми, но тие се секогаш ме поддржуваа. Сите Мароканци тука – вие сте лавови! Не сакам да ги разочарам и останатите фанови од Холандија, Германија, Англија, Франција .. вие завршивте одлична работа“.

„Што да кажам за Рико? Малото момче расте. Сега е силен противник за секој борец во тешка категорија. Тој е еден од најдобрите. Се уште не е најдобар, но е навистина опасен противник. Тој е силен. Физиката му е одлична. Навистина се чувствував како да стојам на рингот против маж, а не против момче. Заврши добра работа. Сите велат дека тој е момче, но тоа не е така“.

За својата повреда во пределот на лактот, Верховен рече:

„Понекогаш треба здравјето да го ставиш на прво место. Тоа се случи денес. Луѓе, тоа е опасен спорт. Наскоро ќе се поправам. Ќе се вратам во салата и догодина ќе го нокаутирам Рико.

На крајот Бадр Хари лично му се закани на Рико Верховен, гледајќи го во очи:

„Не ми е гајле. Се колнам – следната година ќе те нокаутирам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО