Белатор: Сакара го нокаутира Белтран, а Петросјан Вотсон (ВИДЕО)

alesio-sakara-belator

Белатор и Октагон одржаа заеднички настан во Фиренца.
Во главната борба на ММА делот Алесио Сакара (19-11- 2 НЦ) за 80 секунди беше нокаутиран од  Џои Белтран (17-14-1 НЦ).

https://youtu.be/8Aa5kOCZQpk

Трикратниот NCAA шампион во борење, Ед Рут (2-0) скокна во последен момент на настанот и за една минута ипол со TKO го победи Емануеле Пломби. 26-годишниот Американец ММА дебито го имаше во ноември.

https://youtu.be/vi4gBue1RJI

Гоити Јамаучи направи транзиција од маунт и во давење со триаголник го принуди да се предаде Валериу Мирчеа.

https://youtu.be/yiLrHRBd1Fw

Мелвин Манхоеф повторно требаше да се бори со Рафаел Карваљо за појасот во средна категорија, но Бразилецот се повреди и Манхоеф заврши во аголот на Мајкл Дут на Глори во Оберхаузен.
Во кик бокс дел од програмата „Доктор” Џорџо Петросјан во третата рунда му препиша „мирување“ на Англичанецот Џордан Вотсон.

Мустафа Хаида ја одбрани ИСКА титулата во категоријата до 72,5 килограми, победувајќи го Французинот Јохан Бесажур и Армен Петросјан се сретна со Чарлс Франсоа го задржа појасот на ИСКА во категоријата до 70 килограми.

https://youtu.be/JYE45U0hyWM

Денис Килхолц во реваншот ја совлада Глорија Периторе и стана првиот шампион на Белатор во категоријата до 56,6 килограми.

Карим Гаџи го совлада домашниот борец Лука Новела со одлука на судиите.

Белатор 168:
Алесио Сакара – Џои Белтран (КО, Р1)
Филип Линс – Клебер Раимундо Силва (ТКО, Р2)
Џон Салтер – Клаудио Аникијарико (ТКО, Р1)
Гоити Јамаучи – Валериу Мирчеа (сабмишн, давење со триаголник, Р1)
Ед Рут – Емануеле Паломби (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО