Бадр Хари дели тешки бомби пред Глори 78

Легендата Бадр Хари не запира да се подготвува за Глори 78 што ќе се одржи на почетокот на септември. 36-годишната легенда се повреди и ова ја принуди организацијата да го презакаже настанот. Првично, Хари требаше да се врати во Ротердам на 17 јули.

Сепак, плановите се променија и во септември во тешка категорија ќе се бори против Аркадиуш Вжосек. Лошото момче/ Бед бој ќе ја брка првата победа по 6 години. Хари сè уште нема победа во Глори и доаѓа по поразот од Бенџамин Адегбуи.

Бадр е во серија од три последователни порази, при што два пати падна од Рико Верховен поради повреди. Сега му претстои многу важна битка што ќе го одреди развојот на неговата кариера. Ако Хари не успее да го победи младиот и неискусен борец како Вжосек, тогаш најдобро е да се повлече од спортот.

На социјалните мрежи Саид Бадаоуи покажа како Хари се подготвува за борбата.

Ова се силните удари што ги задава Хари со кои нокаутира 92 противници:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО