Бадер: Се надевам дека Белатор ги привлекува Дош Сантос и Оверем

Шампионот во Белатор, Рајан Бадер нема да ги одбие Жуниор дош Сантос и Алистер Оверем да се приклучат на организацијата. Ова несомнено ќе ја зголеми конкуренцијата за неговиот појас во тешка категорија.

УФЦ неодамна раскина со двајцата борци.

„Погледнете што направивме со полутешка категорија. Моделот на Белатор се менува“, изјави Бадер за ММА Џанки.

„Доаѓаат многу нови млади момчиња, а нам ни се придружуваат борци со искуство и легендарен статус. Не знам дали Оверем се откажа, но се чини дека Дош Сантос е решен да продолжи понатаму. И двајцата ќе бидат одлични додатоци.

Следниот чекор во кариерата на Бадер беше борбата со Лиото Мачида во полутешка категорија на 9 април. Двајцата се дел од Гран при турнирот за појасот.

Рајан е убеден дека ќе ја одбрани титулата и кај тешкашите, покрај обврските во другата категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО