Бабиќ: Поминав низ хорор, но повторно сум на врвот

Хрватскиот боксер Ален Бабиќ (33) убедливо го победи Британецот Стив Робинсон (33) на боречката приредба Бед блуд во лондонската „О2 арена“. Бабиќ славеше со технички нокаут во шестата рунда, откако дотогаш доминираше против локалниот боксер. Од рунда во рунда му нанесуваше тешки удари на својот ривал, а борбата ја заврши со нокаут и крвави нос и уво на својот противник. Робинсон едвај стоеше на нозе, па судијата беше принуден да ја прекине борбата.

Бабиќ, кој познат и како „Дивјак“, во изјава на британски „Скај спортс“ истакна дека ова е негово спектакуларно враќање.

„Се вратив, видете. Среќен сум што повторно сум тука. Ви благодарам на сите за пречекот. Тргнав од првата борба, а завршив во меч за титула. Сега одиме повторно. Среќен сум што се вратив, тоа сум јас, не можат да ме повредат. На последниот меч налетав на удар кој ме повреди, а тоа значи дека сум тука“, истакна расположениот Хрват.

Ова беше прва борба за Бабиќ откако минатата година загуби од Лукаш Розански, во меч за титулата во ВБЦ бриџер категоријата. Тоа сепак му е единствениот пораз, по што го смени тренерот, а сега го води Ирецот Пашал Колинс. Бабиќ сега има скор од 12 победи и само еден пораз.

Бабиќ, исто така, беше прашан за смената во тренерскиот тим.

„Поминав низ хорор во последната година. Навивачите не ме поштедија. Минав низ хорор. Знам колку е тешко денес да се добие втора шанса“, заврши Бабиќ.

По натпреварот Севиџ и Драго се сретнаа под трибините на О2 арената и се фотографираа заедно. Еве како изгледа лицето на британскиот боксер:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО