Том Аспинал: Сакам да докажам дека сум најдобар

Неодамна на спортскиот фестивал Арнолд во Бирмингем се сретнаа шампионот на УФЦ Џон Џонс и Том Аспинал, сопственикот на привремениот појас во тешка категорија.

Средбата помина во пријателска атмосфера, а освен што се сликаа заедно, размениле и неколку реченици.

Во последните месеци Аспинал често споменуваше борба против Џонс или Миочиќ, но промоцијата му порача дека мора да биде трпелив.

Нема сомнеж дека Том еден ден ќе добие шанса да се бори за титулата, но сега тој меч е резервиран за дуелот меѓу Џонс и Миочиќ.

А Британецот неодамна на својот канал на Јутјуб изјави дека некако се плаши од Боунс.

„Се плашам од секој противник. И Џонс, апсолутно. Тие момци се најдобри во светот, најдобри во светот. Дефинитивно се плашам од него, но уште повеќе ме пали. Сакам да докажам дека сум најдобар на светот“, изјави Том Аспинал и продолжи:

„Очигледно верувам во себе кога мислам дека можам да го победам Џон Џонс. Тоа е причината поради која сакам да се борам со него. Не се кријам, сепак ја сакам таа борба. Сакам да се борам со Џонс, но ако тој не сака, ништо не можам да направам за тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Aspinall (@tomaspinallofficial)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО