Организаторот на Европските игри во Баку, Азербејџан, имал точно утврдена листа за награди на спортистите што ќе освојат медали, кој се совпадна со ветувањата на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за македонските спортисти: 4.000 евра за златен медал, 2.500 за сребрен и 1.500 за бронзен.
За разлика од МОК, Азербејџанците исплаќаат до осмото место, но уште повеќе за екипните спортови 8.000 евра.
Пред одењето за Баку, од страна на претседателот на МОК, д-р Васил Тупурковски беше соопштена информацијата дека за златен медал на ЕИ, освојувачите на медалите ќе бидат наградени со парична награда во износ од 4.000 евра, за сребрен медал ќе добијат 2.500 евра и за бронзен медал 1500 евра. Финансиски награди ќе има и за другите спортисти кои ќе освојат висок пласман на ЕИ БАКУ 2015. Од овие награди се исклучени атлетика (учествува трета лига), како и малолетните спортисти (пливање).
Тогаш Тупурковски нагласи дека парите се обезбедени од страна на МОК, од сопствени извори и спонзори. Никој не го спомна организаторот. Не е јасно зошто? И зошто спортистите се држеа во неизвесност до последен момент?
ipon.mk/В.Д.