Вердум и Ван Дам го снимаат новиот „Кикбоксер“ во Тајланд!

WerdumVanDammeInstagram

Шампион на УФЦ, Фабрицио Вердум е во Тајланд, каде што ќе учествува во римејкот на филмската класика „Кикбоксер“.

Главната улога во првиот филм во 1989 година ја играше Жан-Клод ван Дам, а белгискиот актер не можеше да одолее на позирањето со Вердум.

Во римејкот на филмот, освен првакот во тешка категорија на најсилнита ММА промоција, ќе се појават и други УФЦ, Жорж Сент Пјер и Гина Карано.

Вердум минатиот месец го освои појасот извојувајќи победа со гилотина против Каин Веласкез на УФЦ 188. Уште го чека следниот противник и датумот на битката. Најблиски за борбата за титула се Андреј Арловски и Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО