Аземи беше блиску до сензација на Акрополис купот

Нашиот тешкаш Ардијан Аземи (+92 кг) е поразен на Акрополис купот во атина од Најџел Пол од Тринидад и Тобаго, освојувач на бронзен медал од Светско првенство во Белград.

Јасин Лама (-67 кг) денес ќе ги одмери силите со грчкиот боксер Стелиос Кѕрсанидис.

„За жал, изгубивме, иако водевме. Ја добивме првата рунда, но, за жал, во втората Ардијна се здоби со повреда на раката и од страна на лекарот беше прекината борбата со Пол Најџел, бронзениот медалист од Светското првенство од Белград“, вели неговиот тренер Насер Харуни и додава: „Бевме блиску до сензација, повредата не спречи“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО