Жорж Сент Пјер: Не знам дали сум најголем во историјата на ММА

Жорж Сен Пјер не знае дали е најголемиот во историјата на ММА.

Големата легенда постигна многу во спортот и ретко кој ќе успее да го направи тоа. „Раш“ долго доминираше во полусредна категорија. Жорж ја бранеше титулата 9 пати. Го освои појасот и во средна категорија. Не можеме да зборуваме за најголемиот без да го споменеме неговото име.

Жорж во кариерата забележа 26 победи и само 2 порази. Успеал да им се реваншира на двајца кои го победиле. Во 2019 година Сент Пјер се повлече од ММА во серија од 13 последователни победи. Отсекогаш бил скромен и не сака да тврди дека е најголемиот великан во историјата на ММА.

„Како се чувствувам кога ме нарекуваат најголем во историјата? Знам дека се претставив многу добро. Јас сум меѓу најдобрите во мојот спорт, го разбирам тоа. Давам искрена оценка.

Мислам дека заслужувам да бидам меѓу најдобрите во историјата. Не знам дали сум најдобар, но навистина бев многу успешен. Долго време бев шампион, но има и многу други момчиња кои го заслужуваат истиот статус.

Што ми помогна во кариерата? Кога се натпреварував, едноставно, бев опседнат да бидам најдобар. Сакав да бидам не само шампион, туку и најдобар во историјата.

Тогаш ми беше многу важно “, изјави Сент Пјер за BloodyElbow.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО