Црвена ѕвезда е шампион во Регионалната бокс лига (ФОТО)

Црвена ѕвезда ја освои шамопионската титула во Регионалната бокс лига откако во финалето славеше против Лозница со 16-6.

Црвена Ѕвезда уште пред почетокот на борбите на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше во водство со 6-0, бидејќи во две категории Лозница не пријави боксери, а во супер тешка Санел Хасановиќ ја предаде борбата уште пред да почнат, бидејќи немаше сили по вчерашниот контроврезен меч со Јосип Ќориќ од Витезови од Загреб.

Знаејќи дека во составот имаат и пет Руси, победата беше загрантирана, бидејќи тие отскокнуваа со квалитет, но некои од нив се најдоа во тесно.

Па така, Андреј Шендрик загуби од Семиз Аличиќ. Интересна борба за престиж во спрпскиот бокс водеа Сандро Полетан и Џељан Тоскиќ, особено во третата рунда во којаимаше повеќе борења. Добра борба прикажаа и Алекса Марковиќ и Даниел Филиповиќ (2-3), како и Александар Мирончиков и Стефан Ристовиќ, покажувајќи голема подвижност и борбеност, а нивната пресметка заврши со прекин во втората рунда.

Се чинеше дека Садам Магомедов лесно ќе го совлада Слободан Јовановиќ, но тој ги демантира сите и во првата рунда го прати Магомедов во нокдаун, а гонгот го спаси од нокаут. И Јовановиќ и во втората рунда тргна отворено во борба, но немаше сила, па Магомедов ја искористи приликата и три пати судијата ја прекинуваше борбата и стави крај по трето борење. Според информациите од Лозница, Јовановиќ 4 месеци бил надвор од рингот и дека прикажаното е постигнато со само неколку третнинзи, односно 30 отсто од неговите можности.

Ова е прва титула Црвена ѕвезда во екипна конкуренвија по 52 години во 70-годишната историја.

Црвена ѕвезда Лозница 16-6

-54 кг Омер Аметовиќ – нема противник     2-0
-57 кг Тамир Галанов – Ерсад Гурделјац 2-0 (5-0)
-60 кг Назиф Сејди – Един Алјковиќ 2-0 (3-2)
-63,5 кг Алексеј Шендрик – Семиз Аличиќ 0-2 (2-3)
-67 кг Павел Федоров – Ненад Јовановиќ 2-0 (5-0)
-71 кг Сандро Полетан – Џељан Тоскиќ 0-2 (0-5)
-75 кг Алмир Мемиќ – нема противник         2-0
-80 кг Алекса Марковиќ – Даниел Филиповиќ 0-2 (2-3)
-86 кг Александар Мирончиков – Сетфан Ристановиќ 2-0 (TKO Р2)
-92 кг Садам Магомедов – Слободан Јовановиќ 2-0 (ТКО, Р2)
+92 кг Сергеј Калчугин – Санел Хасановиќ          2-0 (без борба)

Фото: Петар Стојановски за НБФ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО