Ацевски: Не одиме само да учествуваме, одиме по медали!

xiu xicu

Утре, под мотото: „ Не одиме само да учествуваме, одиме по медали“, македонската репрезентација во џиу џицу ќе настапи на Меѓународниот турнир во Алексинац, Србија.

За нашата репрезенатција ќе настапат: Станислав Грпов (-30)-помлади пионери, Александар Илиевски (+60) за надежи, Иван Трпковски (-60) и Никола Бошковски (-66) во кадетска конкуренција, Александар Трајковски (-60)-јуниори и сениорите Александар Антониевски (-69), Дарко Герасимов, Кирил Иванов, Виктор Велинов-сите до 77 кг и Владимир Доневски (-94).

„Ова е сериозна репрезентација, во која тренерите имат вложено многу време и труд, секако и финасиски средства, затоа велиме „ не одиме само да учествуваме, одиме по медали“ и да ја претставиме Македонија во што подобро светло“, ни рече претеседателот Македонската џиу-џица федерација Александар Ацевски.
ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО