Аскерн и Маја го одработија мерењето за двобојот во Сингапур (ВИДЕО)

Поранешниот шампион на ОНЕ шампионатот, Бен Аскрен (19-1-1НЦ, 1-1 УФЦ) се врати во Азија за да го предводи настанот на УФЦ во Сингапур.

По неговиот прв пораз во кариерата од Хорхе Масвидал, „Фанки“’ ќе се бори против поранешниот предизвикувач за титулата во велтер категорија на УФЦ Демијан Маја (27-9, 21-9 УФЦ).

35-годишниот Американец тежеше 77,6 килограми, а 41-годишниот Бразилец 77,3 кг.

Францускиот тешка категорија Сирил Гане (4-0, 1-0 УФЦ) ќе се обиде успешно да го продолжи стартот во најсилната ММА промоција против американскиот дебитант Дон’Тај Мајс (7-2).

Рускиот тешкаш Сергеј Павлович (13-1, 1-1 УФЦ) по поразот во дебито од Алистер Оверем, ја бара втора последователна победа против Морис Грин (8-2, 3-0 УФЦ).

УФЦ на ЕСПН + 20
Демијан Маја (77.3) – Бен Аскрен (77,6)
Мајкл Џонсон (70,8) – Стиви Реј (70,8)
Френк Камачо (70,6) – Бенеил Дариуш (70,8)
Сирил Гане (108,4) – Дон Тај Мјас (113.4)
Муслиман Салихов (77.6) – Лореано Старополи (77,6)
Сергеј Павлович (114,8) – Морис Грин (113.4)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО