Фантастичното аши бараи на Иво Цветковски хит на Јутјуб (ВИДЕО)

Ivo i enes finale2016-02-13 14.54.28

Моментално една од највртените работи за карате на Јутјуб каналот и неговата Фејсбук страница „Карате пејџ“ е аши бараито на нашиот репрезентативец Иво Цветковски, кој членот на КК Металург го изведе на Светскиот куп „Лашко 2016“ во Словенија пред околу три месеци.

Видеото погледнете го овде.

Иво Цветковски (-75 кг) го освои златниот медал на Светскиот куп „Лашко 2016“ во Словенија, а во финалето го совлада Мајед Алхалиф од Саудиска Арабија со 3-0.

До финалето Цветковски ги совлада Стефан Петков од Бугарија 3-0, Габор Харспатаки-Унгарија 1-0, Мурат Сахин-Швајцарија 2-1 и во полуфиналето Тодор Ристески со 8-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО