Артур Шпилка го нокаутира Мариуш Пуџијановски на КСВ 83 (ВИДЕО)

Артур Шпилка ја забележа една од најголеми победи во ММА.

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на ВБЦ се соочи со полската легенда Мариуш Пуџијановски. Борбата меѓу нив беше дел од картата на настанот КСВ 83: Колосеум кој моментално се одржа во Варшава, Полска.

Сосема очекувано, Пуџијановски не сакаше ништо да направи во стој со Шпилка, кој има солидно искуство како боксер. На самиот почеток Мариуш го собори Шпилка и доминираше со него во текот на првата рунда. Артур нема искуство на партер и не можеше да стане.

Во втората рунда Пуџијановски се обиде да го направи истото, но не успеа. Шпилка ја одржа борбата на нозе и го принуди Пуџијановски да размени удари со него. Тоа беше лоша идеја, бидејќи Шпилка почна да мава како подивен и го нокаутира Пуџијановски со лево кроше.

Така, битката меѓу нив заврши на почетокот на втората рунда. Шпилка ја забележа својата 3-та победа во ММА, а Пуџијановски отиде во серија од 2 порази.

Инаку, во главната борба на вечерта, трилогијата во средна категорија, легендата Мамед Халидов се соочи со Скот Ашкам. Халидов повторно го нокаутира Ашкам, со што стави крај на нивното ривалство во кафезот.

Во коглавната борба требаше да видиме натпревар за обединување на титулата во лесна категорија. За жал, Маријан Зиолковски се повреди на загревањето и отпадна од борбата со Салахдин Парнас.

Така, новата конасловна борба беше во тешка категорија помеѓу Арур Шпилка и Мариуш Пуџијановски. Шпилка победи со нокаут во втората рунда.

Резултати КСВ:

Мамед Халидов – Скот Аскам со КО Р3, 1:03
Маријан Зиолковски – Салахдин Парнасе – откажана, Зиолковски се повреди на загревањето
Артур Шпилка – Мариуш Пуџијановски со ТКО Р2, 0:30
Павел Павлак – Томаш Романовски со ТКО Р5, 3:25
Арек Вжосек – Богдан Стоица со завршница Р1, 2:09
Михал Матерла – Радослав Пачуски со ТКО Р1, 1:37
Валериу Мирчеа – Роман Шимански
Даниел Рутковски – Адам Солдаев со одлука
Лео Брихта – Мациеј Казиецко со одлука
Кшиштоф Гловацки – Патрик Толкачевски со КО Р1, 1:33
Мариуш Јонијак – Себастијан Романовски со одлука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО