Артур Бетербиев и Ентони Јард го поминаа мерењето (ВИДЕО)

Во сабота на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се одржи боксерска гала вечер, чија главна борба ќе биде мечот меѓу непоразениот руски боксер Артур Бетербиев и Британецот Ентони Јард. Артур Бетербиев е актуелен шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ во полутешка категорија.

Во професионалната кариера има 18 борби, во кои победи на 18 – сите со нокаут. Ентони Јард во професионалниот бокс има 25 борби – 23 победи и 2 порази.

Резултатите од мерењето пред борбата меѓу двајцата се официјални. Бетербиев тежеше 79,2 килограми, а Јард се закова на 79 килограми. Допуштената граница за полутешка категорија е 79,38 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО