Официјален трејлер пред УФЦ 284: Махачев – Волкановски

На 12 февруари во Перт, Австралија, ќе го следиме настанот УФЦ 284.

Главната борба ќе биде шампион против шампион. Ислам Махачев ќе ја брани титулата во лесна категорија против Александар Волкановски, кој е шампион во перо категорија. Дагестанецот влегува како фаворит на обложувалниците на средбата која за него е на противничка територија.

Волкановски е рангиран број 1 во УФЦ, без разлика на тежината. Ова го прави најдобриот ММА борец во светот. Махачев ќе може да го симне од првата позиција и да го повтори достигнувањето што го направи Хабиб Нурмагомедов во 2020 година.

Влогот е огромен и за двајцата на средбата. Погледнете го официјалниот трејлер пред настанот:

https://www.youtube.com/watch?v=GGjMu2zQqkM

Главна карта:
Ислам Махачев (в) – Александар Волкановски
Јаир Родригез – Џош Емет
Џек Дела Мадалена – Ренди Браун
Џастин Тафа – Паркер Портер
Џими Крут – Алонзо Менифилд
Прелиминарни:
Џошуа Кулибао – Мелсик Багдасаријан
Шенон Рос – Клејдсон Родригес
Џејми Маларки – Франциско Прадо
Џек Џенкинс – Дон Шаинис
Јуниор Тафа – Валдо Кортес-Акоста
Лома Лукбунми – Елиза Рид
Шејн Јанг – Блејк Билдер
Зубаира Тухугов – Елвес Бренер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО