БоксПрофесионален

Артур Бетербиев е подготвен да се бори со Ковалев (ВИДЕО)

beterbiev podgotven

Руската машина за нокаути, Артур Бетербиев, го прифати предизвикот на светскиот шампион во леснатешка категорија, Сергеј Ковалев (Русија). Двајцата, најверојатно, ќе се сретнат на 28 ноември. Во следните неколку дена промоторите на двајцата боксери, Ивон Мишел и Кејти Дува, ќе се состанат за да разговараат за деталите на мечот.

 Двајцата боксери имаат стари сметки за расчистување. Бетербиев е со две победи над Ковалев во аматерска конкуренција.

 Светскиот шампион е со неверојатни настапи кај професионалците. Тој е сопственик на три од титулите и има 28 победи (25 со нокаут) наспроти еден нерешен. Билансот на Бетербиев е 9 победи од 9 меча. Сите се со нокаут.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON