Петков и Ангелески поразени на МФЦ 3, Покрајац и Васовиќ надмоќни! (ВИДЕО)

MFC-1

Брза победа на Покрајац во главната борба на третиот МФЦ/MFC турнир, Бакочевиќ го порази 40 килограми потешкиот ривал „дури“ на почетокот на втората рунда, Џанкиќ славеше по прекинот на мечот, поради повреда на противникот. Одличен беше Јоксимовиќ. Петков и Ангелески поразени.

Од 11 борби на ММА турнирот што се одржа во дискотеката Топ Хил судиите мораа само во една да гласаат за да добие победникот! Овој детал јасно ви покажува за тоа какви борби се гледаа на третиот МФЦ турнир кој оваа година се пресели од Подгорица во Будва и се издигна на ниво кое се уште не е видено во Црна Гора.

Главнaата борба на вечерта, пресметката на до неодамна хрватскиот шампион од УФЦ класа, Игор Покрајац и словенечкиот борец Рудолф Павлина траеше само, како што најавуваа ММА фановите на социјалните мрежи. Тоа беше една од најбрзите победи што ја прослави хрватскиот борец.

За разлика од Покрајац, миленикот на домашната публика Васо Бакочевиќ „затаи“ во својот меч за точно 40 секунди. Борбата на 25-годишниот которанец со 40 килограми потешкиот Саша Лазиќ влезе во втората рунда. Со тоа беше разнишан прекарот на Бакочевиќ „Васо прва рунда“, но не и неговиот углед во ММА кафезот.

„Црногорскиот ѕвер“, како што го викаат овој борец во Белград, иако покажа врзвно ниво за средбата со Лазиќ мораше да придодаде уште пет килограми. Во еден момент Бакочевиќ го подигна и го фрли 120 кг тешкиот борец од Србија на земја, а потоа со серија удари ги принуди судиите да го прекинат мечот.

Vaso Bakocevic

„Реков и повторувам – во мојата земја и меѓу моите луѓе, никој не може да ме победи“, рече по натпреварот Бакочевиќ, кој беше поздравен со овации од навивачите.

Подеднакво убедлив беше и неговиот тренер и спаринг партнер, Душан Џакиќ, кој во првиот меч со нашиот Игор Петков ја заврши работата за 1 минута и 38 секунди. Иако првичната иницијатива ја имаше Петков, но во 46 секунда се случи пресвртот, односно на борбата, Џакиќ го преврте Петков преку себе и со серија на удари во главата го принуди на предавање, по што судиите ја прекинаа борбата.

Една од најдобрите борби беше на Димитрије Џанкиќ и хрватскиот ас Лука Чурковиќ. Судирот на двајцата џудо мајстори помина во сменување на иницијативата, а за победникот одлучи судијата, кој го прекина мечот затоа што оцени дека повредата на Хрватот премногу сериозна и не може да ја продолжи борбата.

MFC-3

Чурковиќ и неговиот тим со лутина ја прифатија одлуката на медицинските експерти и без поздрав го напуштија октагонот.Поздрав немаше и по борбата на Марк Радаковиќ од Црвена Ѕвезда и Хрватот Роберт Солдиќ. Тоа беше средба која Радаковиќ постојано се враќаше како феникс од изгубената позиција и на крајот победи во втората рунда, со серија удари во доминантна позиција над фаворизираниот Солдиќ.

Судиите проценија дека Радаковиќ ја заслужува победата, а тоа налути тимот на противникот, кој сметаше дека Солдиќ беше подобар во првата рунда.

MFC-4

Во другите натпревари немаше дилеми и публиката долго ќе се сеќава на одличната претставата на Радош Јоксимовиќ од Бијело Поље, кој се бореше под српското знаме против Маријан Ангелевски од Македонија.

Ангелевски средбата ја отвори со напаѓачки висок ножен удар,погодувајќи го противникот во главата. Јоксимовиќ го издржа ударот, и по околу десет секунди на заздравување на партерот ја презеде иницијативата и потоа брзо со „гилотина“ го принуди Ангелески да се предаде.

Резултати:

Душан Џакиќ – Игор Петков (ТКО, Р1)

Ивица Трушчек – Сидарта Патарчиќ (ТКО, Р1)

Дејвид Завада – Алдин Османчевиќ (ТКО, Р1)

Марко Радаковиќ – Роберто Солдиќ (судиска одлука)

Стефан Ѕвер – Немања Увериќ (сабмишн, давење од позади, Р1)

Александар Илиќ – Домагој Пејчиновиќ (ТКО, Р1)

Радош Јоксимовиќ – Маријан Ангелески (сабмишн, гилотина, Р1)

Димитрије Џанкиќ – Лука Чурковиќ (дисквалификација)

Васо Бакочевиќ – Саша Лазиќ (ТКО, Р2 )

Игор Покрајац – Рудолф Павлин (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО