Тајсон Фјури: Ментално ќе го дотепам Кличко! (ВИДЕО)

fjuri so pojasi

Горостасниот Британец, Тајсон Фјури, не запира со вербални напади против светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко. Нивната борба е закажана за 24 октомври во Дизелдорф, но далеку пред првиот удар во гонгот Англичанецот продолжува со обидите да му влезе под кожа на противникот.

„Мислам дека веќе навлегувам во неговиот ум. Никој пред мене не се доближил толку интелигентно до него. Клучот за победата над Кличко се неделите пред натпреварот. Токму на поле ќе загуби тој, бидејќи ментално е слаб. Откако се ќе заврши, тој ќе ме вработи како психотерапевт. Кога ќе го победам, ќе бидам најголемиот на сите времиња“.

https://youtu.be/WTYWRk15x6g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО