Артем Вахитов лесно го победи Мвекасе за обединување на титулата на Глори (ВИДЕО)

vahitov-mkavekase

Со откажувањето на пресметката меѓу Ситичаи и Марат Грегоријан, мечот помеѓу Артем Вахитов и Зак Мвекасе беше промовиран во главна борба на Глори 35.

25-годишниот Русин лесно се пресмета со привремениот шампион и ја обедини титулата во полутешка категорија.

Вахитов веќе здрманиот поранешен професионален боксер го собори со преден директ во втората рунда. Мвекасе успеа да одговори на броењето,но многу брзо не беше во состојба да ја продолжи борбата.

https://youtu.be/QXys6InCmrU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО