Артем Левин го напушти Глори

artem levin marcus glory

Еден од најдобрите кикбоксери во светот, Артем Левин, го напушти Глори.

Русинот (29 г.) направи девет борби за нив, при што запиша 6 победи, 2 порази и еден нерешен резултат, а покрај тоа беше шампион во средна категорија со една одбрана на титулата, ремизираше против Симон Маркус.

„Глори 30 беше последната борба во договорот на Артем Левин со нас. Како организација, му овозможуваме слободно да преговара со други и го ослободивме од типичните ексклузивни преговори,кои ги имаме во своите договори. Значи, во принцип, засега не планираме да разговараме со Артем за продолжување на договорот“, рече директорот ма Глори, Џон Џ. Френклин за MMAMанија.

Левин го загуби појасот од Симон Маркус во февруари откако одби да ја продолжи борбата во третата рунда, по серијата катастрофални одлуки на судијата на борбата.

Ова е значаен удар на веќе и онака ослабениот ростер на Глори, а оваа прилика најверојатно ќе ја искористи Белатор кикбоксинг, за која веќе потпишано еден поранешен член на Глори, Џо Шилинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО