Договорен датумот за борбата на Срегеј Ковалев и Андре Вард (ВИДЕО)

sergej kovalev hopkins

Договорен е датумот за средбата на најдобрите боксери на светот Сергеј Ковалев (29-01, 26 КО) и Андре Вард (29-0, 15 КО).

Непоразениот Русин (33 г.) на 19 ноември во Т-Мобиле арена во Лас Вегас, ќе ги брани ИБФ, ВБО и ВБА титули во полутешка категорија против исто така непоразениот 32-годишен Американец.

Во меѓувреме, Ковалев на 11 јули во Екатеринбург ќе ги брани титулите против Исак Чилембе (03/02/24, 10 КО). Вард треба боксира во август, но деталите за тоа се уште не се познати.

Рускиот нокаутер е најдобар полутешкаш во светот со победите над Бернард Хопкинс, Жан Паскал Натан Клеверли. Андре Вард ја очисти суперсредната категорија со победи над Карл Фроч, Микел Кеслер, Артур Авраам, Саки Бик и Чад Досон.

Во дебито во полутешка категорија во март со едногласна одлука го совлада претходно непоразениот Саливан Бариер.

https://youtu.be/uVzVCUUAdeg

https://youtu.be/dZ-gedPrNh8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО