Арсим Етеми е во полуфиналето на „Белградски победник“

Арсим Етеми ја претставува Македонија на реномираниот Меѓународен боксерски турнир „Белградски победник“ кој се одржува по 59-ти пат. Етеми се пласира во полуфиналето каде што ќе се сретне со српскиот боксер Владимир Мирончиков (Русин кој настапува за Србија).

Етеми во четвртфиналето се сретна со Грегор Старасинич кој ја предаде борбата (не се појави во рингот) и така обезбеди најмалку бронза.

На Белградски победник настапуваат 131 боксер, 35 жени и 96 мажи, од 21 држава од 28 март до 3 април.

86 кг

Арсим Етеми – Грегор Старасинич (Словенија) предадена

Арсим Етеми – Владимир Мирончиков (Србија)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО