Дарко Гоцевски – најдобар крав мага инструктор за обезбедување во ФИМА

Дарко Гоцевски, првиот човек на Крав мага Македонија и Лидер од Виница, доби признание и награда за најдобар крав мага инструктор за обезбедување од Федерацијата на израелски боречки вештини (ФИМА) во Атлантик Сити-Њу Џерси, САД, на приемот во Куќата на славните, додека нивното видео е избрано за најдобро во хенд то хенд клоус комбат, блиска борба за лица кој што се занимаваат со вип обезбедување.

„На 29 јануари во Атлантик Сити-Њу Џерси САД се одржа  Хол оф фејм (Куќата на славните) во организација на ФИМА (Федерација на израелски боречки вештини). Добив признание и награда за најдобар крав мага инструктор за обезбедување, а нашето видео беше избрано за најдобро во хенд то хенд клоус комбат, блиска борба за лица кој што се занимаваат со ВИП обезбедување. Во конкуренциа на доста познати имиња од цел свет, инструктори на боречки вештни, инструктори на воени, полициски и специјални единици, ова за мене е едно од најголемите признанија. Сакам да ви се заблагодарам на сите кои што досега ми дававте поддршка. Докажавме  дека знаеме и можеме“, напиша Гоцевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО