Арлинд Хусеини:Никого не можам да издвојам, сите конкурираат за медал!

Karate reprezentcaija podgotovki Tomce Sofka 30-31 januari 2016

И на ова Европско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, очекуваме медали, бидејќи во составот имаме искусни каратисти.

Arlin Huseini

Тренерот на репрезентацијата за јунири до 21 година Арлин Хусеини истакнува дека реално имаме шанси за медали na 43. Европско првенство за кадети и јуниори и осмо за јуниори до 21 година, особено по прикажаното на Балканското првенство во Дубровник и на Хрватска опен во Самобор.

„На БП и во Самобор нашите каратисти покажаа квалитет, а во исто време се чуваа од повреди. Исто така задоволија и на подготовките овој викенд во „Томче Софка“. Посебно сум задоволен од машкиот дел на екипата (мисли на репрезентативците во У-21-н.з.), кои се максимално мотивирани и се без повреди со една мисла во главата дека мора да се освои медал (да ја продолжат низата на успеси на Берат Јакупи, Симона Заборска, Виктор Крстевски и другите).  Сега Азиз Исмаил е во одлична форма, кој ја демонстрираше на Балканското првенство во Дубровник, на Државното првенство и во Самобор. Од женскиот дел на екипата сум половично задоволен, но тоа е квалитетот со кој располагаме. Никого не можам да издвојам, сите конкурираат за медал во машката екипа. Тоа е добро што има здрава конкуренција“, нагласува Хусеини.

karate reprezentacija podgotovki 30-31 2016

Во јуниори до 21 година во борби ќе настапат: – 60 кг Мартин Стојменов, – 67 кг Адил Мехмед, -75 кг Азиз Исмаил, -84 кг Виктор Крстевски и +84 кг Семир Ќосовиќ. Кај јуниорките 21 во составот се: -50 кг Христина Ристиќ, -55 кг Јована Георгиева, -61 кг Бојана Манева, -68 кг Марија Василева и +68 кг Дргана Тодорова.

Во кадети и јуниори ќе настапат: Верона Ајдини, Вјолца Гафури, Симона Симовска;

Драгана Манговска, Моника Пендаровска, Сара Крстевска, Ангела Мојсовска; Бојан Димов, Јован Васиќ, Георги Бановски, Столе Смилковски, Фаик Весели, Драган Веселинов, Кристијан Димитријевски, Кренар Џафери;Филип Несторовски, Стефан Апостоловски, Доан Османи, Петар Спасеновски, Шкелким Рмадани.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО