Ардијан Аземи денеска боксира за финале на Европското првенство

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ардијан Аземи, денеска во полуфиналето на Европското првенство во Будва, Црна Гора, ќе ги одмери силите со Русинот Владислав Комаров.

Борбата на Аземи ќе почне околу 15 часот, а веќе обезбеди бронза со двете победи во категоријата 91 килограм со едногласна одлука на судиите против Јакуб Стражевски од Полска и Хрватот Дује Гацина.

На овој линк може да следите борбата на Аземи:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО