Антонио Рожерио Нугера позитивен на допин тестот

Поради известување за потенцијално прекршување на анти-допинг регулативите, Антонио Рожерио Нугера е отстранет од настанот УФЦ на Фокс 26.

УСАДА го извести УФЦ дека 41-годишниот Бразилец е позитивен на допинг-тестот направен на 27 септември на забранетиот диуретик хидрохлоротиазид.

Нугера во Винипег требаше да се бори со Џаред Каноњер (10-2, 3-2). Промоцијата бара замена за него.

Последен пат се бореше во ноември 2016 година, кога во Сао Паоло загуби со технички нокаут од Рајана Бадер. Има една победа и три порази во последните четири меча.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО