Антонио Родриго Ногуерија се раздели со ММА!

Big Nog

Еден од најголемите борци во тешка категорија на мешаните боречки вештини – Антонио Родриго Ногуерија стави крај на својата професионална кариера. По 15 години на борби во разлни краеви на светот, Бразилецот донел одлука да се пензионира. Четириесет годишниот Ногуерија се повлекува со статистика од 34 победи, 10 порази и 1 дуел е прогласен „не се одржа“. 

Неодамна од УФЦ го назначија нов претставник во неговата татковина – Амбасадор на мешаните боречки вештини.

Во официјалното соопштение, што беше испратено до медиумите од Биг Ног, вели дека ќе се посвети на помагање на младите борци:„Отсекогаш имав желба да и помагам на борците да се развиваат, да откривам нови таленти и да работам со нив. Планирам да продолжам да се занимавам токму со тоа, откако ќе престанам да се натпреварувам. Сакам да помогнам за популаризација на овој спорт во целиот свет и ќе ги вложам целата моја сила и енергија во развојот на младата генерација борци“.

Ногуерија ги има освоено титулите во двете најголеми оспорувани организации во светот – UFC и PRIDE FC. Три пати се бореше против Федор Емилијаненко и сите ќе го паметат по исклучително здравата муцка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО