Најдобриот хрватски кикбоксер Антонио Плазибат убедливо стигна до третата победа во низа, исто така со нокаут.
Во реваншот на Глори 80 Студио Плазибат во третата рунда со брутален нокаут го победи Тарик Хбабез.
Хрватот влезе во мечот 22 килограми потежок од противникот, и веднаш покажа кој ќе го води главниот збор на мечот.
Тој веќе со првиот звук на сирената ја покажа решителноста што поскоро да ја прекине борбата. Антонио погоди разни комбинации и му создаде многу проблеми на Мароканецот.
Но, Тарик некако го преживеа почетниот период, а Плазибат малку забави.
Втората рунда помина низ малку изедначена борба, а потоа дојде моментот на одлука.
Во 52. секунда Плазибат со одлично кроше го погоди Хбабез кој заврши во нокаут.
Со оваа победа хрватскиот борец го потврди првото место на предизвикувач на ранг-листата на Глори во тешка категорија.
„Рико, каде се криеш? – испука по мечот Антонио Плазибат, кој наскоро треба да добие шанса да се бори со шампионот Рико Верховен.
Во главната пресметка Тијани Безтати го победи Џош Жонси со нокаут во втората рунда и ја одбрани титулата во лесна категорија.
Настанот беше отворен со меч во кој Кевин Тарик Осаро го победи Рис Бруденел со прекин во третата рунда.
These fight were EPIC!
GLORY 80 Customers will have exclusive access to rewatch this event for the next seven days on https://t.co/5k5ikTWrgj pic.twitter.com/yjEmC2tzhZ
— GLORY Kickboxing (@GLORY_WS) May 14, 2022