Андреј Рајбински тврди дека Поветкин имал само 70 нанограми мелдониум

povetkin i Rjabinski

Менаџерот и промотор на Александар Поветкин – Андреј Рјабински, скокна да го брани својот боксер по веста за позитивен допинг примерок со содржина на мелдониум. Тестот го доведе во прашање претстојниот меч за светската титула против шампионот Дионтеј Вајлдер.

„Ако сте заинтересирани, содржината на мелдониум во примерокот на Поветкин е 70 нанограма“, напиша во својот Твитер профил Рјабински.

Светската антидопинг агенција утврди прецизен стандард во однос на злогласниот препарат. Сите примероци, кои се земени по 1 март, се сметаат за позитивни, ако во нивната содржина има над 1 микрограм од супстанцијата. Во случајот со Поветкин количеството е 0,07 микрограми.

Од екипата на Русинот признаа дека го користел препаратот минатата година, кога се уште не беше во листата на забранети супстанци на ВАДА.

https://youtu.be/cVVlgYbIp74

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО