Расистички изјави на Фјури, се бара казна за него (ВИДЕО)

Fjuri so plavusa

Светскиот шампион, Тајсон Фјури, може да се соочи со казна за антисемитски и расистички искази во срамотно видео, со кое се нафрла против Евреите, објавено од британските медиуми.

Фјури му ги одзеде титулите на Владимир Кличко во четири различни верзии, а на 9 јули е нивниот реванш во Манчестер. Пред извесно време беше обвинуван и за хомофобична реторика против жените.

„Слушајте ја владата, следете ја како овци, оставете си ги мозоците да ви бидат испрани од сите ционисти и Евреи, на кои им припаѓаат сите банки, весници и телевизии„, вели Фјури во еден од последните говори објавен преку видео на Спорт вју Лондон. Цел час боксерот споделува истоветни мисли.

Од Кампањата против антиметизмот (CCA – Campaign Against Antisemitism) ја повикаа Британската боксерска федерација да го казнат Фјури за расизам.

„За такви нешта нема место во спортот. Тој мора да биде казнет од надзорните органи во британскиот бокс“, изјави портпаролот на CCA, Џонатан Сакердони.

https://youtu.be/wG0LphY01Iw

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО