Андреј Димитровски имаше одлична борба со Хонрик, но не можеше и против судиите (ФОТО)

Андреј Димитровски дебитираше во ММА кафезот (15 октомври) против Дерек Хонрик во Калгари, Канада, за промоцијата Абсолут ММА инферно и се претстави во одлично светло, иако сите го видоа како победник, судиите подлегнаа на авторитетот на 10 години постариот противник и му ја доделија победата на 13-картниот шампиопн во џиу џицу.

„Некоја чудна одлука на судиите, загуби на изјаснување 3-2. Иако во текот на сите 3 рунди Андреј беше супериорен. Противникот на Андреј е авторитет во ММА. Мајстор е во бразилска џиу џица и освојувач на 13 златни медали на првенства. Без разлика на се, Андреј се бореше изворедно, иако Хонрик настојуваше цело време да го собори и на партер да ја води борбата.

На крај, при гласањето, авторитетот и старата слава одлучија кај судиите“, вели неговиот татко Вначо Димитровски, карате мајстор и поранешен тренер на КК Партизан од Кочани, кој додаде:

„Здравје, се глрдаме на следната борба. Ние сме задоволни од прикажаното. Инаку Андреј  настапи со македонското знаме, а излегувањето му беше со македонска рап песна“.

Мечот дирекно е пренесуван спортскиот канал на Канадската телевизија.

„И коментаторот имаше дискусија за чудната одлука на судиите“, истакнува Димитровски.

Инаку, Андреј е син карате мајсторот Ванчо Димитровски кој со голем успех го предводеше КК Партизан од Кочани и со него ги постигна најголемите успеси. Димитровски во тоа време настапуваше и за јуниорската репрезентација на Југославија..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО