Роберт Хелениус би можел да се пензионира по поразот со нокаут од Дионтеј Вајлдер

Финскиот тешкаш Роберт Хелениус (31-4) доби шанса да боксира против Дионтеј Вајлдер минатиот викенд. Нордискиот кошмар не издржа долго во рингот.

Имено, Вајлдер го собори Хелениус со брутален нокаут во првата рунда и тука заврши приказната.

Бронзениот бомбардер на фантастичен начин се врати во рингот по една година и втор пораз од Тајсон Фјури. А Роберт Хелениус изјави дека размислува да се пензионира.

„Не знам дали уште сакам да боксирам, времето ќе покаже. Малку сум тажен, бидејќи знам дека можев подобро, а тој само ме пофати, тоа е бокс. Го почитувам Дионтеј Вајлдер и мило ми е што го споделив рингнот со него“, изјави Роберт Хелениус.

Вајлдер уште еднаш покажа дека е меѓу најмоќните удирачи во светот.

„Кој е следниот?“, праша Бронзениот бомбардер по мечот и истакна дека со задоволство би можел да се бори против Александар Усик или Енди Руиз, а малку порано го спомна и мечот со Ентони Џошуа во Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО