Андреј Басаров вицешампион на Европа, не изгуби ниту борба ниту поен

Андреј Басаров го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во карате за кадетска конкуренција. Басаров не беше поразен во финалето против Азербејцанецот Нихад Каримзада, туку борбата заврши нерешено 0-0, па судиите одлучуваа кој ќе биде шампион. Победата му ја дадоа на Каримзада, по слобдоно судиско уверување.

Сепак, ова е голем успех за Басаров, со тоа што ниту еден противник не успеа да му освои поен.

Тренерот Сашко Арсовски е задоволен од она што го прикажа Андреј и жали што не му беа досудени некои поени.

Резултати

+70 кг
Андреј Басаров – Екторас Пергантс (Грција) 2-0
Андреј Басаров –Александру Гулас (Романија) 3-0
Андреј Басаров – Тимоте Дугладѕе (Грузија) 1-0
Финале
Андреј Басаров –Нихад Каримзада (Азербејџан) 0-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО