Андре Ворд се враќа на 26 март

Andre Vord so pojas

Талентот Андре Ворд (САД) повторно ќе излезе на рингот на 26 март. Поранешениот непоразен светски шампион во суперсредна категорија ќе боксира против Саливан Барера (Куба) на галавечерта во родниот град Оукленд (САД). Ова ќе биде е само четвртиот меч на олимпискиот првак за последните три години. Ворд имаше сериозни проблеми со повредите и со својот промотор.

Досега Американецот има 28 победи (15 со нокаут). Се очекува, со евентуален успех, наесен да се бори против светскиот шампион во лесна-тешка категорија, Сергеј Ковалев.

Барера исто така нема пораз во кариерата. Кубанецот има 17 победи (12 со нокаут).

https://youtu.be/g5lLsq3q72U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО