Андре Ворд најавува враќање во повисока категорија?

Андре Вoрд неодамна призна дека животот во пензија е потежок отколку што очекувал.

Иако заработи пари и слава, 33-годишниот Американец кој се пензионираше во септември минатата година со заработени пари, непоразен и како светски шампион во две тежински категории тешко може да ја најде смислата на животот надвор од рингот.

Синоќа преку Твитер испрати неколки пораки со кои потврдува дека и понатаму е во тренинг, но и дека добил на тежина.

„Синоќа се меерв и имам 90,3 килограми. Се колнам дека сите се мускули! Работев“.

Неколку минути подоцна испрати нова порака: „Работиме нешто посебно“.

Андре Ворд со повлекување испразнет три титули на светски шампион во полутешка категорија кои во меѓувреме ги освоија Сергеј Ковалев (ВБО), Артур Бетербиев (ИБФ) и Дмитриј Бафало (ВБА).

Пред пензионирањето со  неговиот тренер Виргил Хантер зборуваше за желбата за подигнување во тешка категорија и освојување на светската титула.

Отсекогаш Вард говереше дека најголемата цел му е да достигне остварувањата на неговиот идол Рој Џонс Јуниор кој направи голем скок од полутешка во тешка категорија и 2003 година ја освои ВБА титулата во тешка категорија. За таа борба со Џон Руиз Џонс  тежеше 90,3 кг. Пред повлекувањето од ринг Вард зборуваше и за желбата да се испроба против Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО