Издаден налог за апсење на Мејведер Сениор

Полицијата издаде налог за апсење за постариот Флојд Мејведер.

Таткото на донеодамна најдобриот боксер во светот е обвинет за напад на неговата сопруга по борбата во септември меѓу Сол Алварез и Генадиј Головкин во Лас Вегас.

Постариот Мејведер ги демантира обвинувањата, а тој, наводно, бил во друштво на жена кога настанала кавгата. Наводно и рекол да излезе од автомобилот, а кога таа одбила да го направи тоа, ја извлкол надвцор влечејќи ја за ногата.

65-годишниот Мејведер, наводно, ја влошил ситуацијата со удирање на жената со тупаница во ногата. Таа тврди дека откако ја исфрлил седнал во колата и си заминал.

Жената е хоспитализирана со лесни повреди, а Мејведер е обвинет за нанесување на лесни физички повреди.

Адвокатот на Мејведер изјави дека наводна жртва само сака да извлече пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО